Се самоуби Џејк Бејли, човекот што го шминкаше половина Холивуд

Шминкерот на најголемите светски ѕвезди Џејк Бејли,  извршил самоубиство, јавуваат светските медиуми. Мејкап артистот бил пронајден во неговиот дом во Лос Анџелес, а починал од труење со јаглерод моноксид.

Телото во петокот го пронашол неговиот асистентт, кој повикал брза помош. Засега се смета дека Бејли извршил самоубиство, пишува порталот „ТМЗ“. Шминкерот имал 37 години, и импресивна кариера.

sminker1

 

Тој веќе со години  е еден од најпознатите шминкери во шоубизнисот. Меѓу постојаните клиентки му биле Кејти Пери, Селена Гомез, Наоми Вотс, Џулијан Мур, Парис Хилтон, Анџелина Џоли, Оливија Вајлс, а ја шминкал и Мараја Кери.

sminker

Многу од нив со него се дружеле приватно и објавувале заеднички фотографии на социјалните мрежи.

sminker2

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести