Актерката Гала Виденовиќ многумина ја паметат како Наташа од „Жикина династија“ иако имаше многу други улоги како во „Бал на вода“, Јагоди во грло“…
Таа е родена на 27 јуни 1969 година во Белград и за првпат на малите екрани се појавила на 12 години, пишува „Zaphetna.rs“. Потоа следеле улоги во бројни телевизиски и филмски проекти.
Поради нејзината убавина и шарм, Гала важеше за симбол на убавина во осумдесеттите. На почетокот на деведесеттите таа се преселила во Америка, па многу поретко се појавува на домашната јавна сцена.
Минатата година Гала беше на проекцијата на дигитализираната „Бал на вода“ и по тој повод таа за „Данас“ откри нешто за себе.
„15 години вежбам јога. По таков период многу јасно можеш да ги разбереш придобивките од јогата во психофизичка смисла, колку таа го балансира твојот секојдневен живот. Оттогаш решив да се образувам и да си помогнам себеси и на другите“, изјавила таа.
Гала, која го носи името на големата љубов на Салвадор Дали, е во брак со режисерот Владимир Алексиќ, со кој ги има синовите Демијан и Павле. Живее меѓу Малибу и Белград.
Како што изјавила во едно интервју, не ѝ било тешко да се одлучи да замине во САД, бидејќи уште како девојче го посетила Лос Анџелес. Заминала со намера да постигне успешна меѓународна кариера. Сепак, веста дека ќе стане мајка ѝ ги променила приоритетите, па актерката одлучила работата да ја стави во втор план.

Пред неколку години ја видовме во серијата „Pet“ во која играше една од главните улоги.


