Сеизмолошка oпсерваторија: Регистриран земјотрес со епицентар во скопско

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 12.1.2022 година, регистрира земјотрес чии епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје“, објави Сеизмолошката лабораторија на ПМФ.

Како што објавија „земјотресот се случи во 9 часот и 9 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2,6 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Скопје и околината“.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести