Брунхилде Помсел работела во самото срце на нацистичката пропагандна машинерија. По повод излегувањето на филмот за нејзиниот живот, Помсел раскажува за својот недостаток на сочувство и за приватниот живот на монструозниот шеф.
– Ретко го гледавме наутро. Прошетуваше по скалите на својата мала палата покрај Бранденбуршката врата, на која продолжуваше министерството за пропаганда, до својата канцеларија во Унтер ден Линден. Се шепуреше како мал војвода на скалите – рекла Брунхилде Помсел, една од секретарките на нацистичкиот министер за пропаганда Џозеф Гебелс за „Гардијан“.

Брундхилде, стара 105 години и слепа, вели дека ѝ е мило што животот ѝ се приближува кон крајот.
Меѓутоа, една од последните преживеани од потесниот круг на нацистичкиот режим вели дека оваа исповед на стари години не е никаков обид за чистење на совеста. И покрај тоа што на работа ги намалувала бројките на загинатите германски војници, а го зголемувала бројот на силуваните Германки од страна на Црвената војска, таа своите задачи ги опишува како „секоја друга работа“.
Филмот „Германски живот“, кој неодамна е прикажан на Минхенскиот филмски фестивал, а кој настанал како плод на повеќе од 30 часа разговор со бившата секретарка на Гебелс, е причина за ова јавно истапување на Брунхилде Помсел. Таа тврди дека луѓето кои денес велат дека тогаш би се спротивставиле едноставно лажат, бидејќи „целата држава со нивното доаѓање на власт била маѓепсана, немало место за младешки идеализам, бидејќи поради него би останале без глава“.
Брунхилде имала 31 година кога почнала да работи за министерството за пропаганда во 1942 година и тоа откако била префрлена од државното радио. Тоа за неа било комплимент, бидејќи тоа било награда за тоа што била најбрза дактилографка во радиото.
Но, нејзината пријателка Еврејката Ева Ловентал ја немала таа среќа, и додава дека била шокирана кога еден вработен во радиото бил уапсен и пратен во концентрационен логор бидејќи бил хомосексуалец. Таа тврди дека иако работела во самото срце на нацистичкиот режим мошне малку работи знаела за страотните случувања.
– Знам дека сите мислат дека сè знаевме за тоа што се случува, но не е така. Сè беше многу мистериозно – објаснува Брунхилде.
За Гебелс вели дека секогаш бил дотеран, носел костуми од најубави ткаенини и дека бил секогаш исончан. Имал многу уредни раце, одел на маникир секој ден, но ѝ било жал затоа што поткривнувал, а тој хендикеп Гебелс го надоместувал со арогантност. Само повремено имала можност да ја види вистинската слика за човекот кој лажењето го претворил во уметност, а сè во служба на нацистичкиот режим. Кога видела како го дава својот озлогласен говор за „тотална војна“ била престрашена.
– Се престрашив кога го видов на берлинската сцена во 1943 година. Во канцеларија беше елегантен и цивилизиран, а на сцена беше полуден дивјак, како бесно џуџе врескаше – раскажуава Брунхилде.
Се чини дека Брунхилде целата своја животна приказна ја поставува наначин да се чувствува удобно во неа. Но, денот по роденденот на Хитлер во 1945 годфина животот и тргнал наопаку. На Гебелс и на неговите придружници им било наредено да му се придружат на Хитлер во неговото подземно засолниште во текот на последните денови од војната
– Се чувствував како во мене нешто да умре. Се трудевме да не останеме без алкохол. Тој ни беше потребен за да ја задржиме отрпнатоста – се присетува на моментот кога помошникот на Гебелс дошол со вестите дека Хитлер се самоубил, а потоа ден подоцна и Гебелс.
– Го прашавме: „А неговата сорпгуа?“ Само потврди со главата. „А децата“, пак го прашавме. „И децата, исто така“ – раскажала Брунхилде спуштајќи ја галвата. Потоа, таа и нејзините колеги почнале да сечат бели вреќи за да направат бело знаме за да им се предадат на Русите. Била осудена на пет години заробеништво во руските логори. Дури кога се вратила дома станала свесна за холокаустот, тврди таа. Но, нејзиниот живот се вратил во колосек, пак на државната телевизија пронашла работа како секретарка, па напредувала до извршна секретарка на директорот за програма, уживајќи во бенефициите на добро платената работа и патувањата пред да оди во пензија на 60-годишна возраст, во 1971 година. А својата блиска пријателка Ева, одлучила да ја побара дури шест децении по војната. Откако во 2005 година бил отворен Меморијалниот центар за жртвите на холокаустот одлучила да ја побара. отишла во информативниот центар и го дала името на пријателката. Човекот поминал низ евиденцијата и набрзо ја пронашол Ева, која била депортирана во Аушвиц во 1943 година, а две години подоцна била прогласена за мртва.
– Пописот на имињата меѓу кои ја пронајдовме Ева беше бесконечно долг и постојано се вртеше – рекла тивко Брунхилде, после што замолчала.
Извор:Плусинфо


