Шапуриќ на бизнис форум – иницијатива трите мориња: Да ја зголемиме регионалната соработка и да ги подобриме економските односи

Република Македонија, како што навел, е заинтересирана за активно учество во оваа иницијатива со која очекува прогрес со реализирање конкретни проекти. – Очекувам регионалната соработка да зајакне со интеграциските процеси на земјите во регионот и земјите членки на оваа иницијатива во ЕУ и НАТО, што ќе значи зголемување на атрактивноста на европските и евроатланските перспективи на земјите во овие региони, рекол Шапуриќ и дополнил дека како резултат на постигнатиот договор со Грција, Македонија ќе стане 30 членка на НАТО, а посочил и на перспективите со добивањето датум за започнување преговори за добивање статус на полноправна членка во ЕУ. При учеството на форумот министерот Шапуриќ остварил билатерални средби со Ана Бирхол, заменик премиер за имплементација на стратегиските партнерства на Романија, Чирил Габуричи, министер за економија и инфраструктура во Молдавија; Џорџ Шарвашиџе, заменик министер за надворешни работи во Грузија и Михаи Дарабан, претседател на комората за трговија и индустрија на Романија. Неговите соговорници изразиле надеж за успешност на претстојниот референдум во Македонија, соопшти Кабинетот на министерот Шапуриќ.]]>

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести