Шекеринска: Дури и ВМРО ДПМНЕ призна дека куќата е на свекрва ми

Нападите врз заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска која во Собрание го покажа јавниот документ за имотната состојба на братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, не престанува, па меѓу другото стана збор и за куќата во Маврово, сопственост на мајката и таткото на нејзиниот сопруг.

За таа куќа на денешната прес конференција беше упатено новинарско прашање до заменик претседателката на СДСМ, Шекеринска, која рече дека дури и противначката партија која ја актуелизира темата со куќата, призна дека станува збор за грешка, односно за семејна куќа изградена пред Шекеринска да стапи во брак. Сепак, Шекеринска не заборави да им врати на противниците, велеќи дека со математиките треба исто да сметаат, како за другите , така да си кажат и за себе.

Прашање: Во врска со куќата во Маврово. На Вашата свекрва е или самите сте си ја изградиле, како што пишуваат медиумите?

-Дури и ВМРО-ДПМНЕ мораше да излезе со податок, дека е тоа семејна куќа, која припаѓа на мојата свекрва, која патем речено е изградена пред јас да сум во брак. И претпоставувам дека никој нема да дава интервју на таа тема, ниту пак ќе се слика, ако сака нешто да скрие. Меѓутоа интересен е начинот каква математика и какви множења и делења применува ВМРО-ДПМНЕ кога зборува за другите, а каква математика применува за своите.

Најнови вести

Најново од Македонија, Топ Вести

Најчитани вести