Пејачката Северина, која вчера го прослави својот 51 роденден, се пофали дека славната американска актерка Шерон Стоун ѝ испратила роденденска честитка.
„Што да кажам освен да ѝ се заблагодарам на една прекрасна, многу паметна (IQ 154) и силна жена, мајка, актерка, икона и идол на генерацијата, која направи толку многу добро за жените. Која е и уметница и има објавено книга во која зборува и за борбата за своето дете кое можела да го види само еднаш месечно. Само од таму од каде што е најранлива, можете се обидете да уништите жена која е премногу силна. Нема друго место каде што ќе можете да ја скршите. Шерон Стоун ќе живее вечно“, напиша воодушевената Северина во својата благодарност кон актерката.
По повод нејзиниот роденен пејачката вчера објави и стара фотографија од бременоста на која позира целосно гола.
Taa под фотографијата напиша дека пред 11 години сама почувствувала што е тоа безусловна љубов и дека нема ништо поубаво на светот кога првиот кој ќе ви го честита роденденот е тоа мало чудо што ви пораснало под срцето.


