Што сѐ се прави од љубомора: Го натерала момчето да се снима 12 часа додека е на работа

До каде може да оди љубомората на една девојка може да покаже примерот од видеото, направено од едно момче кое се снимало цело време додека е на работа. Девојка му го натерала да се снима цело време, 12 часа затоа што не им верувала на неговите колешки.

Со објавувањето на ова видео на нивниот заеднички профил на социјалната мрежа „ТикТок“ девојката предизвика дебата, во која многумина го осудија нејзиното однесување.

Додека Хозе пакувал кутии на неговото работно место во Амазон, таа миела садови?!

„Моето момче мора да се снима 12 часа додека трае неговата смена. Не затоа што не му верувам, туку затоа што не им верувам на жените околу него“ – напиша таа во описот на видеото.

Објавата ја погледнале околу седум милиони луѓе.

„Па, тоа значи дека ти нему не му веруваш“, „Се надевам дека ова е шега бидејќи навистина е премногу“, „Тебе ти треба помош“, „Ненормално и тажно во исто време“, „Кутрото момче, се надевам дека си дошол при себе“, се само дел од коментарите.

Додека некои ја предупредуваа дека нејзиното момче може да добие отказ поради ова, други се шегуваа за батеријата на неговиот мобилен телефон прашувајќи се како може да издржи толку долго.

@flackoandnela

Might quit my job & go work w/ him ! 🥰 #4u

♬ Insane – Summer Walker
]]>

Најчитани вести