Силен земјотрес ја погоди Хрватска!

Нов земјотрес ја погоди Хрватска околу 10:21 часот. Според првите информации од ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на околу 30 километри од градот Риека.

Во првите 10 минути, неколку стотици граѓани ја контактирале апликацијата на ЕМСЦ дека почувствувале потрес.

– „Се слушна удар и се затресе“, „Силна експлозија и потоа тресење“, „Уф, навистина силно се тресеше“, „Два силни удари, се почувствуваа вибрации. Не се уништени работи, ниту е направена друга штета“ – пишуваат граѓаните на Хрватска, пренесува порталот Србија данас.