Ова го кажале од приватните болници на вчерашната средба со министерот за здравство Венко Филипче.
„Иако апелирав тоа да се направи затоа што е криза, затоа што е пандемија, доктор Жан Митрев изрази спремност и рече дека денеска ќе потврди дали ќе ги намали цените за одреден процент, а од ’Систина‘ јасно ни кажаа дека тоа не може да го направат поради тоа што немале економска логика“,изјави Филипче кој додаде дека државата формално-правно нема механизам да влијае.
На средбата со медицинските директори, покрај овие две болници, биле и од „Ремедика“ каде што не се лекуваат ковид-пациенти, а се зборувале и за распределбата на кадар. Па, како што беше најавено, осум лекари од овие приватни установи од утре ќе се вклучат во системот на ротација на државните клиники во Скопје.
]]>


