Сите гледаа во првата дама на Хрватска: Беше тема на критичарите, а се поради фустанот

Зоран Милановиќ денеска во Загреб по вторпат положи заклетва како претседател на Република Хрватска.

На инаугурацијата во Кабинетот на претседателот на Пантовчак присуствуваа стотина високи претставници, меѓу кои и четворица потпретседатели на хрватскиот Аабор, но никој од Владата.

Вниманието на сите присутни го привлече неговата сопруга Сања Мусиќ Милановиќ која цело време го бодреше за време на свечената церемонија.

Сања за оваа пригода избра чиста елеганција. Со оглед на тоа дека нејзините аутфити отсекогаш биле коментирани, модните критичари и овој пат беа подготвени да ја дадат својата оценка.

Изборот на првата дама на Хрватска беше фустан на преклоп. Креацијата ја украсила со златен брош, а половината ја истакнала со црн ремен.

Покрај тоа, таа го комплетираше изданието со црна наметка, пишува Б92.нет

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести