Покрај денешното крунисување на кралот Чарлс Трети, вниманието на многу луѓе повеќе го привлече присуството на принцот Хари во Вестминстерската опатија.
Ова се должи на тензиите, кавгите и заладените односи меѓу кралот и целото кралско семејство со неговиот помал син..
Хари пристигна меѓу првите членови на кралското семејство, со неговите братучетки Евгенија и Софи и нивните сопрузи.

Хари носеше класичен црн фрак на кој ги ставил неговите ордени.

„Одметнатиот“ принц доби место во третиот ред, а не десеттиот како што се шпекулираше, веднаш зад неговата тетка, принцезата Ана. Хари бил добро расположен, но не комуницирал многу со никого освен со братучедите, пишуваат локалните медиуми.


