
Грбот на Независна држава Хрватска
Иако тие повеќе нема да настапуваат на Европските првенства, дури сега откриен е голем пропуст во врска со грбот на хрватската репрезентација. Имено, на дресот на Хрватска на сите четири евро-мечеви имало хрватско знаме со погрешен хрватски грб, на кое основата е бела. Се разбира, на официјалниот државен грб, првото поле е црвено.
Кој е проблемот во сè?
Иако шаховската табла како национален симбол на Хрватите периодично се менувала низ историјата, понекогаш со бело, а понекогаш со црвено поле како прво. Поради фактот што била користена шаховска табла со првото бело поле за време на НДХ, оваа верзија на хрватскиот грб остана вообичаен како усташки симбол.

Грб на Република Хрватска
Црни дресови
Дресот на репрезентацијата мора да го носи грбот на фудбалската асоцијација. Вообичаено малкумина на своите дресови го ставаат и грбот на земјата, но на големите натпреварувања како што е Европското првенство, пракса е да ги има знамињата на земјите или барем името на земјата и градот и датумот на натпреварот, што ги прави овие дресови уникатни.
Хрватска го ставила грбот на дресовите. Чесите и Шкотите, противници на Хрватска од групите, на дресовите имаа точен хрватски грб, додека Англичаните и Шпанците го немаа.
За време на СФРЈ, Социјалистичка Република Хрватска го користеше грбот со првото црвено поле, кое беше зачувано како симбол на Република Хрватска по осамостојувањето.
Покрај грбот, многумина видоа полемики и во вториот сет на хрватската репрезентација. Имено, иако на знамето нема црна боја, Хрватска на овој шампионат играше во црни дресови, кои многумина ги поврзаа со неславните усташки униформи од Втората светска војна.





