Холивудскиот актер Том Круз (59) наводно се обидува да ја убеди Меган Маркл (39) да ja прифати скиентологијата, пренесуваат странските медиуми.
Ако им се верува на гласините, ѕвездата на филмот „Невозможна мисија“ сака војвотката од Сасекс да стане припадник на контроверзната религија.
Како што пишува „7 news.com.au“, наводно, Том Круз веќе стапил во контакт со сопругата на принцот Хари преку нивната заедничка пријателка, познатата Опра Винфри.
Кралскиот гасноговорник, Роб Џонсон, изјави дека и покрај бизарните тврдења, нема докази дека Круз и Маркл преговараат за „преминување“ на војвотката во Скиентолошката црква.
-Имаше дури и тврдења дека тој ќе ѝ понуди работа во некој од неговите филмови – вели Џонсон и додава дека нема докази дека тоа што кружи во таблоидите е вистина.