Изборот каде да се отиде е голем, иако најатрактивните дестинации се далечни, егзотични и мистични, сепак може да замине и некаде поблиску, на некое интересно место, кое би било идеално за викенд и има што да понуди.
Словенија е една од земјите што може да биде дел од изборот бидејќи е блиску и има многу места кои можат да бидат идеални за одличен одмор од неколку дена, почнувајќи од планинските дестинации, бањите, па се до градовите и националниот парк.
Националниот парк Триглав е една од главните обележја на Словенија и се наоѓа на грбот и знамето на државата. Врвот Триглав е највисокиот врв на Јулиските Алпи, со височина од 2.864 метри. Ова е единствениот словенечки национален парк, а потеклото на неговото име е сè уште мистерија и се поврзува со словенската митологија. Богат е со различни видови флора и фауна и е многу важен елемент на европскиот екосистем. Главна туристичка атракција во паркот е искачувањето на планината, за што не е потребно големо планинарско искуство. Од подножјето на планинскиот камп до врвот, искачувањето трае околу еден ден. Главна карактеристика на Триглав е познатиот Златорог, односно дивата коза со златен рог, без која посетата на планината не би била целосна. Триглав нуди и можност за скијање и рафтинг, што е идеално за сите зависници од адреналин.
Љубљана е главниот и најголемиот град во Словенија. Се наоѓа во централниот дел на Словенија, во Љубљанската долина, а лежи на реката Љубљаница, по која го добил и името. Тоа е град со богата и долга историја, каде што се уште се гледаат траги од владеењето на Хабсбуршката Монархија. Секако, како и секој главен град, Љубљана е културен и економски центар на земјата, а поради својата магична и стилски измешана архитектура, посетителите ќе добојат претстава за секој дел од минатото на градот. Главната атракција на овој град е плоштадот Прешерен, посветен на најголемиот словенечки поет Франц Прешерен, чија статуа се наоѓа на средината на плоштадот, а е опкружена со прекрасни архитектонски градби од почетокот на дваесеттиот век.
Блед е град во северозападна Словенија, во регионот Горењска. Бледската населба постои уште од праисторијата, а во текот на својата историја Блед неколку пати ги менувал своите господари. Статусот на град го добил во 1960 година. Блед е најпознат по познатото Бледско Езеро, едно од најважните туристички дестинации во Словенија.
]]>


