Поради обилни врнежи од снег и силни ветрови, аеродромот во Виена привремено го прекина сообраќајот, додека на патиштата се пријавуваат бројни несреќи и доцнења. Во Тирол, лавина затрупа автобус со патници.
Застрашувачко сценарио се одвиваше рано утрово во тиролската долина Лехтал. Во општината Бах, кратко пред 5 часот наутро, лавина затрупа автобус што превезуваше единаесет патници.
Според полицијата, за среќа никој не е повреден, иако шокот секако бил голем.
„Ниедно друго возило не било затрупано од лавината“, изјави портпаролот на полицијата Стефан Едер. Патот бил затворен по инцидентот, пишува Krone.at.
Поради лошите временски услови, виенскиот аеродром Швехат привремено ги прекина сите операции утрово. До 9 часот наутро беа закажани околу 117 летови, од кои 19 беа откажани.
Тешка несреќа се случи и на патот Хохселденштрасе во Зелден, каде што патничко возило се судри со машина за чистење снег и слета на околу 30 метри по надолница, оќбјавува Krone.at.


