Снимањето на новата сезона на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ започна денеска, а нова во шоуто на местото на Јелена Карлеуша е балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ. Таа доаѓа откако Карлеуша на своја иницијатива го прекинала договорот со продукцијата „Гранд“ за да се посвети на снимањето на својот нов албум.
Цеца пристигна во студиото во мошне интересна комбинација, a пред новинарите кои што ја пречекаа, изјави дека има трема.