Со автомобилот им влетал во двор: Мртви на патот Скопје-Велес

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на патот Скопје-Велес кај селото ’Ржаничино.

До несреќата дошло кога се судриле автомобили Ауди А4 и Цитроен Саксо, двете со скопски регистерски ознаки, по што Аудито излетало од коловозот и удрило во оградата од двор на куќа. На лице место животот го загубиле 54-годишниот Ш.С. и 25-годишниот Б.С. кои се во роднинска врска, додека во болницата „Св. Наум Охридски“ на преглед се јавил 21-годишниот А.С.  но засега нема информации за карактерот на повредите.

Полицијата го испитува случајот.

Репортер.мк

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести