Со сведоци на одбраната продолжува судењето за „Диво насеље“

Продолжува судењето за случајот „Диво насеље“ за кумановските настани што се случија во мај 2015 година. Ова и претходното рочиште по подолг период се отворени за јавноста и денеска се очекува исказ во судницата да дадат сведоци предложени од страна на одбраната на обвинетите.

155517

Во четвртокот се читаше писмениот исказ на сведокот на обвинителството, Шабан Јашари, бидејќи тој не беше присутен во судница. Јашари дава опис на сето она што го забележал деновите пред  да се случи настанот во кумановската населба, но и за она што се случувало во текот на денот.

Судењето подолг период беше затворено за јавноста бидејќи искази даваа заштитени сведоци и беа презентирани посебни истражни мерки поврзани со овој случај. Во мај во 2015 година во судир меѓу полицијата и вооружена група загинаа осуммина македонски полицајци и десетмина припадници на вооружената група. За овој случај им се суди на на вкупно 37 лица.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести