Солени грицки со сирење и семки: Идеална закуска за на плажа

200 гр брашно 1 прашок за пециво 1 лажичка сол 100 гр рендано сирење (гауда, чедар) 50 гр мешани семки (сончоглед, сусам, тиква, лен) 100 мл јогурт 50 ml масло (сончогледово или маслиново) 1 јајце

Подготовка:

Во голем сад просејте ги брашното, прашокот за пециво и солта. Добро измешајте. Додадете рендано сирење и мешаните семки. Повторно измешајте за рамномерно да се распоредат сите состојки. Во садот со брашното и сирењето додајте ги јогуртот, маслото и јајцето. Сè убаво измешајте додека не добиете хомогена смеса. Ако смесата е премногу густа, додадете уште малку јогурт.

Со лажица или со раце формирајте мали топчиња и ставете ги на плех обложен со хартија за печење. Оставете малку простор помеѓу топчињата бидејќи тие малку ќе се рашират за време на печењето. Печете во загреана рерна на 180 °C 15-20 минути или додека не добијат златно кафеава боја.

Ако сакате, можете да додадете зачини во смесата, како пиперка, лук во прав или суви зачини како оригано или мајчина душица.

Најчитани вести