Сообраќајка во Лисиче, еден починат и тешко повредено девојче

Доцна синоќа  се случила сообраќајна несреќа помеѓу две возила, едниот возач загинал, а другиот возач и малолетната сопатничка се повредени.

-На 26.01.2022 во 00.05 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Видое Смилески Бато“ со сервисна улица се случила соопраќајна несреќа меѓу патничко возило „рено“ управувано од Т.М.(21) од Скопје и патничко возило „фолксваген поло“, управувано од Д.Г.(48) од с.Стајковци, скопско, двете со скопски регистарски ознаки, потврдија од МВР за „Фокус“.

На местотот на несреќата починал Д.Г., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото „фолксваген поло“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а Т.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Извор: Фокус

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести