Ви пренесуваме неколку едноставни трикови кои лесно ќе ги отстранат дамките и ќе ја направат вашата облека повторно бисерно бела.
Ниту еден производ од продавница кој е полн со хемикалии не е толку ефикасен против дамките. Но, не грижете се повеќе, во продолжение ќе ви ги покажеме триковите со кои успешно и едноставно и ефикасно ќе ја исчистите облеката.
Само следете ги овие упатства:

Сода: Потопете ја облеката во мешавина од 4 литри вода и една шолја сода бикарбона и за неколку минути ќе забележите како природната боја се враќа на облеката.
Оцет и лимон: Ова е уште една фантастична мешавина за дамки од облека – само измешајте сок од лимон и оцет со вашиот детергент и исперете ја облеката како и обично. Иако мирисот на оваа смеса е малку посилен, таа брзо ќе ги отстрани дамките.
Аспирин: Издробете 6 аспирини и додајте ги во сад со вода, а потоа натопете ги алиштата во смесата 30 минути. Исперете ги како и обично на крајот и дамката ќе ја нема.


