Овие неколку чекори почнуваат, секако – со тајмер. Првиот чекор на Керолин вклучува отстранување на сите работи што „не ѝ припаѓаат“ на просторијата за чистење. – Тоа се храна, џемпери, книги, полначи од претходната вечер, објаснува таа.
Потоа, при тоа брзо „секојдневно зачистување“ низ дома, Керолин ги мести перниците на каучот и го преклопува ќебето за да ја направи просторијата поуредна и почиста. Потоа ги отстранува сите „впечатливи и очигледни“ дамки од површините на мебелот и огледалата користејќи домашен повеќенаменски спреј направен од оцет и вода измешани во сооднос 1 спрема 1.
– Јас не чистам ништо темелно затоа што се само пет минути – затоа исчистете сѐ што се истакнува!, рече таа.
Потоа, таа ја брише прашината од телевизорот со крпа од микрофибер и ги сместува играчките на нејзината мачка во корпата. Таа истакна и дека метењето со правосмукалката е само за отворени површини, а не за агли и недостапните делови.
– Ако немате време или енергија, ова е сосема доволно!, вели таа.
На крајот од видеото, Керолин покажа дека ѝ останале уште две секунди на тајмерот – што значи дека ѝ биле потребни помалку од пет минути за да ја исчисти собата.
MИА
]]>


