Спасовски: Нови 8.000 парчиња виндјакни за припадниците на полицијата

Нови 8.000 парчиња виндјакни за припадниците на полицијата – продолжуваме со сеопфатно подобрување на материјално-техничките услови за работа на полициските службеници во контекст на мотото што ова раководство на МВР си го постави – опремена полиција за безбедни граѓани!

Виндјакните очекуваме да бидат распределени започнувајќи од денес 11.03.2022, а само од јули 2021 година до крајот на 2021 обезбедивме:

10.000 кошули со долг ракав и 10.000 кошули со краток ракав за припадниците на полицијата

2330 парчиња флуоросцентни елеци

660 комплет униформи за приправници

30 комплети работни одела за кујни

34 парчиња летечки јакни, 19 парчиња летечки комбинезони и 7 парчиња специјални заштитни комбинезони како дел од униформа за воздухопловен персонал

По 473 парчиња цивилна облека, обувки, цивилни кошули и цивилни чевли

8.000 парчиња ПОЛО маици

10.000 пара полувисоки чевли

10.000 пара чевли со дебел ѓон

8.000 пара чевли со тенок ѓон. Трендот на квалитативно подобрување на условите за работа останува приоритет на ова раководство на МВР, бидејќи секое вложување во полицијата значи задоволни полициски службеници, што за возврат значи унапредување на севкупната безбедност на граѓаните.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести