Четириесет и четиригодишен маж од Србија се води како исчезнат во Грција од минатиот понеделник. Според информациите, Радован Јурачиќ се качил на патнички брод од Пиреиа кон островот Кос, по што му се губи секаква трага. Потрагата по Србинот трае веќе седум дена, а се уште нема информации ни што се случило во кобниот ден.
Радован Јурачиќ, татко на две деца, требало да пристигне на грчкиот остров Кос, кај својот кум, со намера да се договорат за сезонска работа.
Семејството Јурачиќ и голем број пријатели на исчезнатиот Радован постојано апелираат до сите лица доколку имаат информации за него веднаш да пријават.
Акцентот е ставен на островите Патмос, Лерос, Калимнос, Кос и Родос, а станува збор за островите на кои стоел бродот со кој патувал Радован.
Инаку, ова лето било третпат како Радован веќе работел во Грција. Неговите пријатели не знаат што можело да тргне наопаку, ниту што се случило кобниот ден.
Групата „Грчка инфо“ ги објави првите информации за исчезнувањето на Радован.
Радован е висок 1,75 метри, тежок 85 килограми, имал кафена коса и зелени очи. Не се знае во што бил облечен кога исчезнал.


