Страшни сцени во Босна: Водата ја однела куќата, oстанале само скалите и оградата

Поплавите што зафатија дел од Босна и Херцеговина земаа и човечки жртви и предизвикаа големи штети. Водата носеше се пред себе, а поплавија куќи, дворови, патишта…

Ситуацијата сега е стабилизирана, но за да се санираат последиците од штетите ќе бидат потребни месеци.

Во селото Трусина, кај Коњик, водата однела цела куќа, само скалите со оградата останале. Екипата на босански Аваз го посети ова село. Според граѓаните, таму имало и загинати, но се уште нема официјална потврда за ваквата информација.

Владата на БиХ прогласи состојба на природна катастрофа поради поплавите и свлечиштата што погодија дел од Федерацијата Босна и Херцеговина – Јабланица, Коњиќ, Кисељак, Фојница, Крешево и други места.

Најчитани вести