Што всушност му „пресуди“? Малкумина очекуваа дека речиси едночасовната пауза по сослушувањето на аргументите од двете страни е всушност периодот кога се се решавало бидејќи се правела спогодба.
По враќањето и продолжувањето на судењето, судијата Ентони Кели рече дека се укинува одлуката за одземање на визата на тенисерот и дека австралиската влада мора да му ги плати сите трошоци на Новак, да го ослободи во рок од 30 минути и да му ги врати документите и се што му е одземено. Забележано е клучен фактор е тоа што Новак имал рок до 8.30 да одговори на одлуката дека визата му е откажана, но бил принуден тоа да го направи во 7.42 часот. Доколку имал повеќе време, српскиот тенисер можеби ќе постапел поинаку, рече судијата.
Тенисерот ја слушаше одлуката на судот на „сигурна локација“, откако претходно властите претходно се соочија со бројните фанови пред хотелот, дојдени овде да му ја дадат својата поддршка, но и со репортерите кои буквално ги лепеа своите камери на возилото.
Сепак, се уште не е се готово.
Австралиската влада вели дека лицата кои не се државјани на земјата немаат право на гарантиран влез во Австралија и го доведоа во прашање неговото барано изземање и нагласија дека дури и ако Ѓоковиќ ја добие тужбата, властите го задржуваат правото повторно да го приведат и да го оддалечат од државата.
Новак Ѓоковиќ доби официјална дозвола за влез во земјата, виза од сојузниот суд на Викторија и тргнува во акција да ја освои 21. Грен слем титула
]]>


