Свадба во сенка: Таировиќ се омажи во тајност, но еден детал ги згрози сите!

Пејачката Теа Таировиќ се омажи на 24 април во Нови Сад, далеку од очите на јавноста. Свадбата се одржа во ексклузивна сала на Рибарското Острово, а присутни беа само најблиските роднини и пријатели.

Иако прославата беше интимна и романтична, еден детал го привлече вниманието и предизвика лавина реакции. Музиката била прекината на кратко откако таткото на младоженецот побарал од гостите да не објавуваат фотографии и видеа на социјалните мрежи сè до 22 часот. Мерката предизвикала изненадување и револт кај некои од присутните, кои ја доживеале како строга и непотребна.

Теа блескала во бела венчаница украсена со кристали, додека младоженецот Иван Вардај носел елегантен смокинг. И покрај инцидентот, свадбата поминала во весела атмосфера, со многу емоции и блиски моменти.

Од страна на пејачката сè уште нема официјална изјава, но се претпоставува дека целта била да се зачува приватноста на денот кој за неа има посебно значење.

Иако младенците настојуваа да го задржат настанот во тајност, оваа фотографија беше објавена на Instagram профилот на местото каде што се одржа церемонијата.

На фотографијата, Теа блеска во елегантна бела венчаница украсена со кристали, додека Иван носи класичен црн смокинг со лептир-машна. Покрај нив стои матичарката, облечена во црна комбинација. Фотографијата е снимена веднаш по изговарањето на судбоносното „да“, и покрај желбата на младенците за приватност, сепак излезе во јавноста.

Оваа фотографија е една од малкуте кои се појавија во јавноста, со оглед на тоа што гостите беа замолени да не објавуваат слики од настанот. Сепак, некои фотографии и видеа сепак се појавија на социјалните мрежи, иако во ограничен број.

Најчитани вести