Наташа Беквалац го покажа човекот со кој поминува време на Ибица.
Откако покажа како знае да се забавува додека излегува, но и да ја почести пејачката која одлично настапува, Наташа Беквалац ги спакува куферите и замина на одмор.
Новосадската барбика речиси секоја година летува на Ибица, а ни сега не ја променила дестинацијата. Заминала на одмор делумно поради работа, а набрзо открила кој и прави друштво. Многумина прво ги заинтригирала пораката што ја добила од мистериозен маж на нејзината домашна адреса:
„Нале мое, едвај те чекам на Ибица. Засекогаш твој М“, пишувало, а сега пејачката снимила како пристигнува на Ибица и се нашла со човекот кој и испратил разгледница.

Таа веднаш објави слики со него, а на една слика напиша: „Љубов“.
Набрзо открила дека тоа е нејзиниот близок пријател и соработник – дизајнерот Михаил Анушиќ. Со нив на патување е и сестрата на Наташа, Кристина, пишува Мондо.


