Режисерот Квентин Тарантино наесен ќе започне со снимањето на својот десетти, а воедно и последен филм во кариерата. Сценариото за филмот било готово, сега бара актери.
Досега немал ниту еден сооветен кандидат за главната улога, а немало ни актери на репертоарот со возраста што е потребна. Леонардо ди Каприо (48) и Бред Пит (59) биле, како што вели Тарантино, премногу стари за улогата.
„Се уште не сум одлучил, но ќе биде некој 35-годишен. Имам идеја само за тоа кој можам да го замислам да ја одигра улогата многу добро“, изјави тој за „Deadline“.
Запрашан дали ќе му даде главна улога на британски актер, Тарантино одговорил:
„Не. Вистина е дека и Британец би можел добро да го одглуми тоа, но јас не сакам Британец да ја има главната улога“ – рече тој.
Дејството на филмот е под работен наслов „Филмскиот критичар“ се одвива во 1977 година, изјави тој.
„Има многу шпекулации за тоа на кого е базиран филмот. Личноста е вистински критичар, но не е позната. И нема да ви кажам ништо повеќе“, изјави Тарантино.


