Реакцијата на еден татко стана вирален хит на социјалната мрежа „TikTok“ откако тој самиот објави видео од она што го направил кога дозна дека неговиот син малтретира и исмејува соученик. Одлучил да разговара со него и наместо да го натера да му се извини на соученикот, направил нешто многу подобро.
Во видеото што стана вирално за многу кратко време, Петрик Форсет откри дека од училиштето каде што учи син му бил информиран преку е-пошта дека неговиот 9-годишен син Линколн му се потсмева на дете од неговиот клас.
Наместо да го натера да му се извини, овој самохран родител имал поинаква идеја. Тој разговал со син му за сето тоа што се случило и му рекол да преземе одговорност и сам да смисли како да си ја поправи грешката што ја направил со својот соученик.
„Не му реков да се извини, но му објаснив дека се уште има уште време да си ја поправи грешката што ја направил. Ние не можеме да го вратиме времето назад, но секогаш можеме да се обидеме да ги исправиме работите“, објаснува тој во видео што има над 800.000 прегледи.
Неговиот син го послушал и го направил токму тоа. Тој самиот разговарал со момчето во училиштето и го прашал што му се допаѓа, на што момчето му одговорило дека го обожава Покемон. Линколн имал две златни Покемон карти и му ги подарил. Неговиот гест му се допаднал на момчето, кое од среќа дури и го прегрнало. Како што објасни таткото, секое инсистирање на неискрено извинување нема да ја поправи ситуацијата.
„Само искрен разговор дава резултати. Така ги учиме нашите деца како да ги решаваат проблемите и да ги поправаат работите кога ќе погрешат“ заклучи таткото Петрик, чија идеја воодушеви многумина.
@thehalfdeaddad Replying to @sunshinyday1227 And then it’s my kid 🤦♂️😡 #endbullyingnow #talktoyourkidsmore #dadlifebestlife #singledadsover40 #teachyourchildren #ReadySetLift ♬ Get You The Moon – Kina


