Tатко му јавно го повика да си даде оставка од функцијата Министер за внатрешни: Сине, оставка!

Taткото на црногорскиот министер за внатрешни работи, јавно го повика син му да си даде оставка од функцијата.

-Јас, Славко Шарановиќ, татко на министерот, jaвно пред црногорските граѓани го повикувам да си поднесе оставка. Па да продолжи да работи како што работеле и неговите предци. Поздрав до сите граѓани на Црна Гора“, наведе тој и додаде:

-Данило, сине, поднеси си оставка! Пушти го тој Бечиќ без потекло“.

Црногорскиот министер за внатрешни работи, Данило Шарановиќ, гостуваше во емисијата „Недела во ретровизор“ на Телевизија Вијести и по тој повод откри дали ќе поднесе оставка по трагедијата во Цетиње.

Запрашан дали и за момент ја сметал оставката како морален чин, Шарановиќ не одговори директно на прашањето.

Ова не е првпат таткото на Данило Шарановиќ да го повика својот син да си поднесе оставка.

Имено, тој во ноември 2024 година ја изненади црногорската јавност кога на социјалните мрежи јавно го повика синот да поднесе оставка со изјавата: „Момче, оставка, не брукај ги семејството и братството“.

Тоа го направи неколку часа по бруталното двојно убиство во Подгорица, каде беа убиени жителите на Цетиње Петар Липовина и Жарко Пејаковиќ.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести