Милош Илиќ, татко на двегодишната Данка Илиќ, која исчезна во Бањско Поље кај Бор на 26 март, а која според резултатите од истрагата ја убиле работниците во водовод Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ вели дека тој и мајката на девојчето, како и нивните најблиски роднини, сè уште со душа и срце се надеваат дека Данка ќе дојде од некаде.
-Јас имам надеж, односно сите потајно ја чуваме надежта дека ќе ни се појави нашето сонце, од некаде. Но, суровата реалност дека толку долго ја нема, секојдневно не уништува – вели Милош за Република.рс.

Инаку, Милош вели дека има одредено мислење за осомничените за убиството на неговата ќерка, но е шокиран со нивното однесување кое го менуваат во истрагата за делото што првично го признале, а потоа го негирале.
– Зошто некој признал нешто ако не го направил?! Сè уште верувам дека тие двајца направија нешто со мојата малечка. Никогаш нема да му простам на нив додека сум жив – рекол неутешниот татко, притоа спуштајќи ја главата за да не му се видат солзите во очите.
Да потсетиме, истрагата за исчезнувањето и убиството на девојчето Данка Илиќ се уште е во тек, а ја води Вишото јавно обвинителство во Зајечар. Покрај двајцата осомничени за делото, под истрага е и таткото на еден од осомничените бидејќи се сомничи дека помогнал да се сокрие телото на девојчето кога било убиено.


