Техничка поддршка од Амбасадата на САД и соработка со МВР за заплената на дрога

Американската амбасада во Скопје работеше заедно со Министерството за внатрешни работи и даде техничка поддршка за вчерашната акција во која полицијата пресретна камион со марихуана во вредност од 800.000 евра, што транзитирал низ земјава.

Ова денеска го објави порталот „Сакам да кажам“, кои имаат потврда од Американската амбасада во Скопје.

-Во овој случај, како и во случајот со пасошите, работевме заедно со МВР и дадовме техничка поддршка, велат од Амбасадата на САД.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера на својот фејсбук-профил објави дека македонската полиција извршила голема акција заедно со американската Агенција за борба против наркотици (ДЕА). Во акцијата била запленета дрога во вредност од над 800.000 евра и бил привиден висок полициски службеник.

– Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот, напиша Спасовски на ФБ.

Како што наведува порталот, некои медиуми јавија дека уапсениот е командир на Полициската станица во Прилеп, додека МВР денеска објави повеќе детали за акцијата.

MИА

]]>

Најчитани вести