Жител на Тетово се снимал на социјалната мрежа Тик-Ток како вози 300 километри на час на автопатот кон Гостивар. Добил казна според Законот за безбедност на сообраќајот.
-Полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај го откриле и санкционирале 24-годишниот тетовец Б.Ј. – возач на патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, кој вчера околу 12 часот и 30 минути на автопатот Гостивар-Тетово се движел со брзина од 300 километри на час, а потоа видеото го поставил на социјалната мрежа „тик-ток“.
Согласно член 36 точка 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата изготвен му е поднесок и тој ќе се соочи со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Воедно на 24-годишникот ќе му биде изречена и заштитна мерка – времено одземање на возачката дозвола до една година.
]]>


