После многу шпекулации и делумно точни информации во врска со разводот на Тијана Дапчевиќ, таа реши да „фрли пепел“ на се и искрено да ја открие вистина.
Tаа од неодамна е член на жирито во новото телевизиско српско шоу насловено „Повеќе од игра“, каде еднаш неделно ги оценува танцовите групи што учествуваат.
Токму по тој повод и останатите тековни музички ангажмани на пејачката, како и наводниот развод, српскиот магазин Hallo реализираше интервју во кое Тијана открива и детали после брачната криза со сопругот.
-Ниеден брак не е идеален, како што ништо на светот не е идеално, па така е и во мојот брак со Милан. Секогаш има проблеми, но ние се сакаме и успеваме да ги преминеме сите предизвици. Љубовта е нешто најубаво и највредно што ги врзува партнерите. Двајцата сме подготвени за компромиси кога доаѓа до несогласувања и затоа сме 15 години во брак, вели Тијана и додава: Не размислував сериозно за развод и знаев дека нема да дојде до тоа. Ова не е наша прва криза, имаше уште многу, но дај боже да е последна. Mногу се пишуваше за тоа, но најчесто беа сензационални приказни кои немаа многу врска со вистината, но не обрнував внимание, бидејќи како што вели народот, секое чудо за три дена трае, вели Тијана и нагласува дека љубовта е главната причина што таа и Милан ја чуваат својата заедница.
-Јас сум дете на разведени родители, но далеку од тоа дека беше причина за да го зачувам бракот. Со Милан најважно сме во брак поради љубов, а потоа и за нашиот син Вук, искрено открива пејачката.
После ова веруваме дека повеќето медиуми ставија точка по тема разводот на популарната пејачка.
Извор: Вистина



