Toп кратки фризури за жени над 50 години: Истакнете ја убавината, скријте ги брчките

Кратките фризури кај жените се многу популарни, тие им помагаат да изгледаат освежено и помладо, да ги сокријат брчките и да зрачат од самодоверба. Покрај тоа изгледаат и женствено, им ги нагласуваат цртите на лицето и многу од повозрасните жени се одлучуваат да ја скратат косата. Зрелоста им дава повеќе самодоверба да се менуваат, да експериментираaт и да го прават она што им се допаѓа, без да размислуваат дали тоа ќе им се допадне на другите.

Еве неколку предлози за кратка фризура за жени над 50 години, но и совети на што да посветите внимание од „Short_hair_ideas“, страница на Инстаграм што има над милион следбеници.


Овално и тркалезно лице изгледа одлично со боб фризура. Класичната боб фризура е рамномерно скратена коса над линијата на рамото. За ваква фризура не се потребни шишки, оваа фризура најдобро им стои на жените со густа и брановидна (искршена) коса.

Доколку имате права коса, треба да размислите за боб фризура со шишки. Со помош на оваа фризура брчките во пределот на челото стануваат невидливи.

Нежно искршена коса одлично оди со кратка степенеста фризура – изгледа природно и заводливо.
Степените ги истакнуваат цртите на лицето на жената, а исто така бараат помалку одржување и можат да направат да изгледате како со нова фризура во секоја пригода.

Степенеста фризура на коса со средна должина исто така го решава и проблемот со тенката коса, давајќи ѝ волумен на фризурата.


Традиционалната кратка фризура со реси изгледа феноменално за средна коса. Фризурата ги затвора проблематичните области на челото, ја подмладува целокупната слика на жената, нагласувајќи ѝ ја елеганцијата и стилот.

СОВЕТИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА КРАТКА ФРИЗУРА:

Кратката коса мора редовно да се крати.

Морате почесто да се фарбате, ако се фарбате, бидејќи на кратка коса растот на коренот на косата е позабележлив.

Честото темелното миење на косата со масажа на скалпот е клучот за негувана и убава коса

Ако косата ви е кратка, не значи дека не можете да експериментирате – користете шноли и украси за коса, стилизирајте ја на различни начини…

Не заборавајте да користите маски за коса и шампон за вашиот тип на коса.

Најчитани вести