(ВИДЕО)Трамп по конфликтот во Белата куќа објави: Зеленски покажа непочитување кон САД!

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social, по скандалот во Белата куќа и средбата со Володимир Зеленски, претседателот на Украина.

„Денеска имавме многу важен состанок во Белата куќа. Научивме многу што никогаш не можеше да се разбере без да се зборува под таков притисок и оган. Неверојатно е што сето тоа излегува низ емоциите, и заклучив дека претседателот Зеленски не е подготвен за мир доколку Америка е вклучена, бидејќи чувствува дека нашето учество му дава голема предност во преговорите мир“. Јас н е сакам предност, сакам МИР. Тој покажа непочитување кон Соединетите Американски Држави во нејзината ценета Овална канцеларија. Може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“.

Потсетуваме дека Трамп и Зеленски требаше да потпишат договор за ретки минерали во Белата куќа. Сепак, средбата завршила со недоразбирање и двајцата лидери викале еден на друг, пишува српски Телеграф.

Најчитани вести