Трамп потврди дека Зеленски доаѓа во Вашингтон во петок

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе дојде во Вашингтон во петок за да го финализира договорот за експлоатација на минерали во Украина.

„Зеленски доаѓа во петок, штотуку е потврдено“, рече Трамп на почетокот на состанокот на неговиот кабинет.

Трамп, исто така, рече дека рускиот претседател Владимир Путин ќе мора да направи „некои отстапки“ за да се стави крај на руско-украинската војна, пишува Н1.

Најчитани вести