Три американски борбени авиони Ф-15 се урнале над Кувајт поради „пријателски оган“, соопшти Централната команда на САД.
Според информациите, инцидентот се случил вчера во 23:03 часот по источноамериканско време, кога трите борбени авиони летале во рамки на операцијата „Епски бес“. За време на активни борбени дејствија, кои вклучувале напади од ирански авиони, балистички ракети и беспилотни летала, американските авиони биле по грешка погодени од противвоздушната одбрана на Кувајт.
Од Военото воздухопловство на САД информираат дека сите шест членови на екипажот успешно се катапултирале, биле безбедно извлечени и се наоѓаат во стабилна здравствена состојба.
Кувајтските власти го признале инцидентот, а од американска страна изразена е благодарност до одбранбените сили на Кувајт за нивната поддршка и соработка во тековната операција.
„Причините за инцидентот се предмет на истрага. Дополнителни информации ќе бидат објавени откако ќе бидат достапни“, соопштија од Централната команда на САД.


