Утринава пред вратата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) вработен во обезбедувањето пронашол три чаури од куршуми.
Случајот е пријавен во полиција, по што е направен и увид на лице место.
Се уште не е познато од каде се чаурите или како се нашле пред вратата на МЗШВ, дали имало некаков инцидент во текот на ноќта или пак се работи за заканувачка порака.
]]>


