Трикратниот убиец од Сански Мост во панцир е донесен во Обвинителството

Мехемед Вукалиќ (61), осомничен за тројно убиство во Општата гимназија во Сански Мост, е донесен на распит во Обвинителството во Сански Мост.

„Независне новине“ пишува дека тој бил приведен под силна полициска придружба и во панцир.

Обвинителот ќе предложи мерка притвор за што ќе одлучува Кантоналниот суд на Бихаќ.

За потсетување, Мехемед Вукалиќ, чуварот на Општата гимназија Сански Мост, со автоматска пушка ги уби директорот на училиштето Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Миџан и секретарката Нисвета Кљуниќ, а потоа се обиде да си го одземе животот, но не успеа. Неговиот живот беше спасен. Тој вчера беше отпуштен од болница.

Најчитани вести