Tројца Хрвати силувале животни и сето тоа го снимиле, фатени се случајно

Тројца мажи на возраст од 48, 55 и 69 години се уапсени во Бродско-Посавинската жупанија бидејќи силувале животни на фарма во Велика Копаница, јавува локалниот портал 035. На сите тројца уапсени изречена им е мерка притвор во траење од 30 дена.

Полицијата ги фатила сосема случајно, откако еден од осомничените во ноември бил уапсен за силување малолетничка. На неговиот мобилен телефон биле пронајдени снимки од силувањето на животните, па веднаш била отворена нова истрага.

Осомничените малтретирале коњи, кучиња и патки, а истрагата се проширува и на можни други насилници. Се сомнева дека постојат и други кои се вклучени во злосторствата.

Друг локален медиум, 034портал, пишува дека досега се идентификувани најмалку четворица осомничени и дека истрагата се уште е во тек, како и дека се истражува можноста уапсените подолго време да носеле други лица на фармата кои исто така малтретирале животни.

Полицијата во моментов врши форензички анализи за да се утврди степенот и времетраењето на злоупотребата.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести