Луѓето кои страдаат од липоедем како Хетер најчесто имаат тесен струк, во споредба со рацете, нозете и долниот дел од телото.
Несвесна за нејзината дијагноза, Хедер била на диета со децении, од шестгодишна возраст, а само влегла во барабанот на намалување и зголемување на телесната тежина, па на 31 година имала 192 килограми.

Лекарот ја советувал да го оперира желудникот, нешто што го направила и ослабела дури 74 килограми. Во последниве години, се чува на 129 килограми. Колковите ѝ се широки 149 сантиметри, половината 99, а обемот на карлицата ѝ е 86 сантиметри.
Со липоедема Хедер првпат се информирала од социјалните мрежи, а во моментот работи како модел за брендови кои имаат за цел да промовираат позитивно мислење за телото. На тој начин таа и самата ја подига свесноста за нејзината состојба, но сака и другите што се како неа да разберат со што се соочуваат.

-Цел живот сум „тешка“ девојка. Почнав да се дебелеам уште од шест години и цел живот бев на некои диети, раскажува Џонсон.
-Секогаш имав голем задник, големи нозе, тенка половина и слаби раце. На 31 година, имав 192 килограми и ми рекоа дека ако не ослабам, ќе умрам, па направив операција на стомакот – додаде таа.
Хедер ги споделува своите секси фотографии на Инстаграм облечена во прекрасни фустани, долна облека и бикини со надеж дека другите луѓе кои страдаат од липоедема ќе сфатат дека се совршени онакви какви што се.
Таа тврди дека секојдневно добива позитивните коментари од мажи и жени кои велат дека ги инспирира.
]]>


