Туристка од Србија доживеала шок во Грција кога ѝ наплатиле за кафе: „Наплаќаат и за капачето!“

Додека на некои плажи лежалките се наплаќаат помеѓу 20 и 30 евра, има и такви каде што консумирањето пијалоци е услов без дополнителен надомест. Сепак, дури и во тие ситуации има работи што ги изненадуваат туристите.

Туристка од Србија сподели во групата „Greece live“ колку платила за обично кафе „Nes“, и се чини дека нејзината цена го „оправдува“ фактот дека лежалките не се наплаќаат.

Сепак, постои еден услов што во голема мера ги компензира бесплатните лежалки.

„Неа Каликратија – нивното фрапе, а нашето Нес чини 6,40 евра, со доплата од 0,05 евра за млеко и уште 0,05 евра за шеќер! П.С. Некој ме поправи и го преведе текстот. 10 центи се за пластичното пакување и капаче за кафето!“, напиша вчудоневидената туристка и додаде:

„Лежалките се со пијалок, т.е. нарачка, во овој бар на плажа минималната консумација е 25 евра, и тоа во последните 3 реда. Колку сте поблиску до морето, толку е поскапо. Најевтиниот пијалок е 6 евра! Бургер или гиро 11 евра.“

„Премногу за кафе“, „Данок на пластика“, „О, премногу скапо“, се некои од реакциите во коментарите, а имаше и такви кои ја советуваа следново:

„Купи убав чадор и столчиња/лежалки, купи фрапе за носење што чини 1,7-20 евра или направиј Нес или домашно кафе сама во термос и упати се кон плажа. А за тие пари, наполни го фрижидерот со овошни сокови и грицки. Без лутење и без проблеми сè додека има избор.“

Најчитани вести