Уапсен криминалец од Батинци баран и за два обиди за убиства

Во околината на Велес ноќеска е уапсен криминалецот З.Н. баран за повеќе сторени кривични дела, соопшти МВР.

„Полициски службеници од САЕ Тигар во координација со АНБ на 02.10.2021 во 01.40 часот во месноста Лавчани на територија на Велес го приведоа З.Н. (30) од с. Батинци кој се барал со потерница поради основано сомнение за повеќе сторени кривични дела, меѓу кои две „обид за убиство““, наведува МВР во соопштението.

Како што се наведува лицето ќе биде предадено на надлежното обвинителство.

Претходно „Слободен печат“ објави дека станува збор за Малиот Репки, познат насилник и рекетар од Батинци.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести