Слободан Бобан Живојиновиќ е најголемата љубов на пејачката Лепа Брена, но пред таа да се заљуби во него имала друга љубов – Мирко кој многу подоцна ѝ станал познат на јавноста.
Брена и нејзиниот сегашен сопруг се заљубиле кон крајот на осумдесетите, и биле неразделни од првата средба, па никој не се изненадил кога го кажале судбоносното „да“ на 7 декември 1991 година.
Како што паметат повозрасните, дури и Дневникот бил прекинат поради „свадбата на векот“, за среќната двојка да се приклучи во живо во телевизиската програма.
Наводно, за организацијата на гламурозната прослава биле потрошени 50.000 германски марки, а парот одбрал свадбена торта на пет ката.
За доброто расположение на венчавката се погрижила колешката на Брена, Ванеса Шокчиќ, а програмата ја водел нивниот близок пријател Александар Саша Поповиќ, кој ги повикал сите гости да го одиграат свадбениот танц. Бидермаерот завршил во рацете на фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ.

Плод на бракот на Брена и Бобан се синовите Стефан и Виктор, а пејачката често со љубов зборува и за Филип, синот на Бобан од бракот со Зорица Накиќ.
Сепак, тој не е единствената љубов на Брена.
Пред да го запознае Бобан Живојиновиќ, Брена била во врска со Мирко Крлиќ, кој подоцна станал пратеник и претседател на собраниската Комисија за култура.
Набргу по раскинувањето, за медиумите тој изјавил дека нивната врска се случила во првата половина на осумдесеттите години, кога Брена веќе била голема југословенска ѕвезда, а тој бил диџеј во родниот Зрењанин.

„Точно е дека Лепа Брена ми беше девојка долго време и дека се сакавме. Но, тоа е веќе минато и сега сме само добри пријатели“, изјавил Мирко пред 30 години.
Тогаш се пишувало дека пејачката ќе се мажи за новинарот Ратко Кнежевиќ, а на тоа размислувал и Крлиќ.
„Не бев изненаден кога беше објавено дека ќе се мажи затоа што одамна знаев за нејзината желба. Додека бевме заедно, таа често ми велеше: „Мирко, мојата најголема желба е да имам сопствено семејство. Постојано ме мачи помислата дека славата еден ден ќе помине и ќе останам сама“. Никогаш не можеше да се ослободи од тој страв, особено затоа што постојано беше одвоена од нејзините родители“, изјавил тој во 1985 година.
Како што раскажал, љубовта меѓу нив двајца била љубов на прв поглед.
„Се запознавме кога таа првпат настапи во Зрењанин. Се заубивме на прв поглед. И почнавме да се забавуваме. Работев како диск џокеј во Домот на млади, а подоцна во кафеана. Брена неколку месеци пееше во нашиот град по двапати, а подоцна се гледавме“, рече тој.
Открил и дека Лепа Брена била тажна кога останувала сама бидејќи се чувствувала осамено и ѝ недостигале родителите.
„Често плачеше. Тешко можеше да ја поднесе осаменоста. Се случуваше да плаче непрекинато цел час. И кога не можев да ја смирам, ќе ѝ речев: Ajде одиме кај твоите родители. Веднаш ќе се спакуваше и со моето црвено „фиат купе“ одевме во Брчко, за нешто повеќе од еден час брзо возење ќе стигневме кај нејзините во Босна. Само во домот на нејзините родители, лицето на Брена светеше“, се потсетува тој.
Знаејќи за оваа врска, пејачот и композитор Зоран Василиќ за Брена ја напишал песната „Мики мој“.
Инаку, Мирко подоцна се оженил и има четири ќерки, од кои едната се занимавала со музика -Тара Крлиќ членката на женскиот поп бенд „Бети Буп“ од Зрењанин.


