Убиена жена во Велес, синот и снаата тешко повредени

Сосед на сега починатата 64-годшна велешанка денес околу пладне прво вербално ја нападнал жената и нејзините син и снаа. Откако осомничениот тргнал кон нив со себе носејќи земјоделска алатка и нож, оштетените влегле во нивната куќа и се заклучиле, информираат од Основното јавно обвинителство во Велес.

„Осомничениот ги продолжил своите намери и кршејќи ја влезната врата веднаш ја нападнал сосетката нанесувајќи и тешки телесни повреди. Синот и снаата се обиделе да и помогнат, но и тие биле нападнати и тешко повредени од страна на сторителот. Поради здобиени тешки телесни повреди, жената (64) била однесена во ЈЗУ Општа болница во Велес, а од таму во Клиничкиот центар во Скопје, но им подлегнала на повредите“, стои во соопштението.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести