Папата Франциск, во болницата каде што повеќе од две недели се лекува од билатерална пневмонија, имаше „изолирана респираторна криза“ и доби „неинвазивна механичка вентилација“ за да може да дише, соопшти Ватикан, пишува Вечерњи.хр.
Светата столица објави дека „попладнево“ папата доживеал „изолирана криза на бронхоспазам што довело до повраќање и аспирација со ненадејно влошување на неговата респираторна состојба“, пренесува Франс прес.
Франциск се уште е „буден“ и свесен и продолжува со медицинските третмани.
Последното соопштение беше објавено по три дена позитивни информации за подобрување на здравјето на поглаварот на Католичката црква.
Неговите лекари очекуваат дека ќе бидат потребни меѓу 24 и 48 часа за да проценат колку новите потешкотии ќе влијаат на неговата севкупна клиничка слика, вели официјален претставник.


