Настан со „исчезнато лице“ се појави во билтен на МВР од 19/20.05.2017 година, каде од страна на М.Б. била пријавена за исчезната неговата сопруга Б.Б. (38).
Велешанец пред неколку денови се јавил во полициска станица и ја пријавил 38-годишната Б.Б. за исчезната.
Утврдено е дека таа излегла од дома и повеќе не се вратила, а по превземените мерки утврдено е дека на 18 месецов истата самоволно ја напуштила територијата на Република Македонија, поради што потрагата по неа престанала.


